Хуан Фелипе, конечно, го постигна својот деби гол во дресот на Шкендија. Тој на дуелот со Силекс го „скрши мразот“, а во изјава за официјалната страница на тетовскиот тим, вели дека играчите и натаму веруваат дека може да дојдат до титулата.

„Мило ми е поради голот, но уште поважно е што победивме. Сега ни е потребен континутет. Триумфот е од големо значење затоа што имавме криза и слаби резултати, но сите играчи и натаму веруваат дека можеме да го освоиме првенството. Ние ќе продолжиме понатаму, се надевам дека со победничко темпо и ќе дојдеме до нашата цел. Сега сме фокусирани кон Македонија ЃП и кон тоа како да ги освоиме трите бода, и да дојдеме до уште една победа“, рече Фелипе.