Рускиот фудбалер Иван Вашивков, член на клуб под името Прогрес, починал во чудни околности, во затворска ќелија и тоа неколку часови откако бил уапсен поради возење во пијана состојба.

Спортистот бил задржан во полициска станица во Калининград, а во ќелијата бил толку бесен што искорнал еден од радијаторите, па како резултат добил изгореници од врелата вода што се покажало како фатално за неговиот живот. Неговото тело било изгорено повеќе од 70%. Тоа е верзијата на полицијата…

Сепак, неговата мајка Олга Вашивкова не верува во оваа верзија и таа тврди дека синот и починал како резултат на полициска бруталност. Таа вели дека лекарите и рекле дека ушите му биле модри што го толкуваат како удари во тој дел на главата. Покрај тоа тие тврдат дека луѓето не умираат толку бргу од вакви изгореници.

„Докторот ни рече дека во својата 20 годишна работа првпат слуша некој да почине од изгореници од топла вода. Да се добијат вакви изгореници телото мора телото подолго време да биде изложено на зовриена вода. Не може да се испече толку со допир до топла вода на неколку секунди. Тој е сто отсто сигурен дека ова е убиство“, вели Олга.

Таа смета дека нејзиниот син бил малтретиран со врела вода, а уште еден доказ за тоа биле чевлите на Иван кои биле целосно суви.

Од друга страна камерите од полицискиот оддел прикажуваат некои од последните моменти на фудбалерот и како тој почнува да се тепа со еден затвореник, по што полицајците го преместуваат во друга ќелија каде тој продолжува да однесува агресивно и да удира по вратата и по креветот, по ѕидот…

Иван зад себе оставил жена и две деца.