Најбрзиот циркус на светот, Формула 1, деновиве го прославува јубилејниот 40-ти родеден на една од најзначајните личности во нејзината понова историја, Кими Раиконен.

Финецот, кој е познат по тоа дека е директен и без „влакна на јазикот“ во комуникацијата со неговиот тим или со конкуренцијата од Ф1 доби честитка видео со „најдобрите моменти“ во неговата кариера досега.