На втората контрола со Грузија, Филип Талески беше предводник на Македонија и најдобар стрелец со 7 погодоци, а бекот особено блескаше во првото полувреме. Прикажаната игра на Талески денеска, без Филип Кузмановски со него на теренот, отвори некои прашања кај селекторот Данил Брестовац, за комбинаториките во поставата.

„Она што ме збуни на овој меч, што ми создаде еден прашалник е дали Кузмановски и Талески се компатибилни кога играат заедно? Тоа ми е тема за размислување. Можеби треба да најдеме двајца средни бекови кои посебно би играле едниот со Талески, другиот со Кузмановски… Можеби е убаво Танкоски со Талески во комбинација, можеби Крстески со Кузмановски, да видиме што тоа ќе донесе. Нешто ново… Можеби Мишевски, пак, ќе биде компатибилен со двајцата… Имам тема за размислување“, заклучи Брестовац по вториот тест со Грузија.