По вчерашниот триумф на првиот тест-меч со Грузија, денеска нашата ракометна селекција го очекува и вториот дуел со Грузијците во Скопје. За разлика од вчерашниот дуел, денеска Брестовац во списокот ќе ги нема Филип Кузмановски и Дејан Манасков, а на нивно место ќе се најдат Михајло Младеновиќ и Марко Кизиќ.

За вториот меч со Гризија, Брестовац ги одбра:

Борко Ристовски, Мартин Томовски, Марко Кизиќ (голмани), Димитар Димитриоски, Бојан Маџовски, Ненад Костески, Мартин Поповск (крила), Кирил Лазаров, Марио Танковски, Мартин Велковски, Филип Талески, Михајло Младеновиќ, Дејан Кукуловски, Марко Мишевски, Дарко Димитриевски, Томи Јагуриновски, Горан Крстевски (бекови), како и пикерите: Пешевски и Арсеновски.

Дуелот е закажан од 16 часот во СЦ “Борис Трајковски“.