Холанѓенецот, Макс Верстапен ќе стартува од првото место на утрешната трка за Големата награда на Мексико. Пилотот на Ред Бул стигна до втората пол-позиција сезонава, квалификациите ги мина со време од 1:14.758. Зад него завршија двата возачи на Ферари, Чарлс Леклерк и Себастијан Фетел.

Луис Хамилтон од Мерцедес ќе стартува од четвртото место, пред пилотот на Ред Бул Александер Албон, додека пак Валтери Ботас ја освои шестата позиција, пред самиот крај се удри во заштитниот ѕид.