Македонскиот репрезентативец, Ненад Димитријевиќ е во одлична форма. Неговиот Хувентуд на гостувањето кај Гран Канарија дојде до важна победа 68-79, втора сезонава во шпанската АЦБ-лига од, а Нено беше втор стрелец во редовите на тимот од Бадалона.

За нецели 24. минути во игра, постигна 15 поени , имаше пет скока и три асистенции. Димитријевиќ е единствениот македонски репрезентативец кој настапува во силна лига сезонава и единствен преставник во Европа, неговиот тим игра во Еврокупот.

Хувентуд е на претпоследното место на табелата во домашниот шампионат, има две победи и четири порази.