За попладнево се закажани сите пет средби од Втората лига – Запад, 10.коло. Почнуваат во 14:30 часот а лидерот Пелистер го чека гостување кај Вардар (Форино), меч кој се игра во Гостивар. Се очекуваат нови три бода на „зелените“ од Битола. Во Боговиње пак Дрита ќе ги одмери силите со Гостивар, дуел кој воедно е и дерби на колото. Лабуништа пред своите верни фанови во Струга се среќава со скопско Кадино, секако дека домашниот тим веќе ги има вкалкулирано трите бода. На Автокоманда „пиратите“ го дочекуваат составот на Кораби а во Кичево се игра соседското дерби меѓу Влазерими и Охрид.

ДВОЈКИ ЗА 10.КОЛО – ДЕНЕСКА 14:30 Ч

ВЛАЗЕРИМИ – ОХРИД

ДРИТА – ГОСТИВАР

СКОПЈЕ – КОРАБИ

ВАРДАР (Ф) – ПЕЛИСТЕР

ЛАБУНИШТА – КАДИНО

ВМФЛ ЗАПАД | РАСПОРЕД, РЕЗУЛТАТИ, ТАБЕЛИ