Попладнево се играат мечевите од 10.коло во Втората лига –Исток. Речиси сите натпревари се интересни, но веројано сите погледи ќе бидат свртени кон Пехчево, каде Кит Го кој во последно време игра во голема форма, ја дочекува Беласица која е лидер. Пехчевци посакуваат да ги изненадат струмичани, имаат мотиви, но треба да внимаваат на опасниот Мартин Мирчески. Во Штип мечот се игра во вечерен термин со почеток од 18:00 часот, а во него се среќаваат Брегалница и Плачковица. Не треба да се трошат зборови за тоа кој е фаворит на овој натпревар.

Тиквеш е во криза, не е веќе оној Тиквеш од пред две-три недели. По поразот од Беласица во минатото коло, во Кавадарци доаѓа Кожуф, исто така аспирант за самиот врв. Се освен победа за кавадарчани ќе биде рамно на катастрофа за нив. Во Крушево домашниот Питу Гули го дочекува Осогово, а Саса пак ќе брка нови бодови против Победа.

 

ДВОЈКИ ЗА 10.КОЛО – ДЕНЕСКА 14:30 Ч

КИТ ГО – БЕЛАСИЦА

ТИКВЕШ – КОЖУФ

САСА – ПОБЕДА

ПИТУ ГУЛИ – ОСОГОВО

БРЕГАЛНИЦА – ПЛАЧКОВИЦА (18:00 Ч)

ВМФЛ ИСТОК | РАСПОРЕД, РЕЗУЛТАТИ, ТАБЕЛИ