Македонскиот репрезентативец Филип Кузмановски не е во составот за вториот пријателски натпревар меѓу Македонија и Грузија во ЕХФ неделата, а причината за тоа е што бекот и официјално „рипна во тавче“.

Додека неговите соиграчи од националниот дрес се надигруваат со Грузија во СЦ „Борис Трајковски“, тој го кажа судбоносното „ДА“ со неговата избраничка, Моника!

На свечената церемонија присуствуваше и Дејан Манасков, уште еден наш репрезентативец, кој исто така денеска доби слободно од селекторот Данило Брестовац.