За македонската спортска јавност, но и за нас новинарите е чудно два натпревари по ред Кирил Лазаров да го гледаме на клупа капитенот… Исто така се чувствувал и тој.

„Јас сум играч кој 20 години е дел од оваа репрезентација и искрено сум благодарен на стручниот штаб што ми дозволи да одморам. Во моментов во Нант сум единствен играч на мојата позиција и добро ми дојде овој одмор, а и се обидувавме да избегнеме нешто непосакувано на вакви пријателски натпревари.

Се чувствував добро, иако многу е потешко да се седи на клупата, отколку да се игра. Досега сум немал обичај да седам на клупа и одбрав многу лошо место, зад селекторот и повеќе се заморив одејќи лево и десно за да имам увид на се што се случува на теренот, но доколку бидам на клупа следен пат ќе одберам подобро место“, се пошегува капитенот Лазаров.

Што се однесува до своите млади соиграчи тој додаде.

„Убаво ја искористивме оваа недела да видиме што и како имаме и нашиот стручен штаб виде и добри и лоши работи, што треба да се поправи, а што да се задржи… Мислам дека сме на добар пат и ни остануваат два ипол-три месеци и максимално подготвени да го дочекаме ЕП.“