И Куманово и Работнички одиграа неизвесен натпревар. Битката за првото место на табелата донесе интересна завршница, победникот решен по голема драма, а без пораз и натаму остана Работнички.

Избраниците на Димитар Мираковски добија нова драма, овој пат во Куманово славеа со 70-72 (19-13, 18-23, 17-20, 16-16) во последниот меч од третото коло во Првата лига.

Двата немаа поголемо водство од седум поени, кое се менуваше во текот на целиот меч. И овој дуел беше решен во последната четвртина. Почна во знакот на гостинскиот тим, Куманово поведе со 66-62 во 35. минута. Со двете тројки на најефикасниот кај Работнички, двејн и една на Главчев, „црвено-белите се искачија на 66-71.

До крајот тимот од „Градски парк“ во задржа водството. Двејн имаше 31 поен и 9 скока, Младеновски со дабл-дабл од 11 поени и 10 скока беше втор стрелец. Во редовите на Куманово, Младеновиќ имаше 17 поени и 7 скока.

Работнички е лидер на табелата со максимални 6 бода, зад него е Кожув со пет.