Италијанската Рома повлече неочекувани чекори на трансфер пазарот. Римскиот тим кој сака да биде при врвот и рамо до рамо со Јувентус, Наполи и Интер одлучи да ги засили своите редови. Очајни мерки поради повредите на неколку играчи од средниот ред.

А изборот е 28-годишниот англиски играч од средниот ред Џек Родвел, кој одамна е без клуб. Тој играше за Сандерленд, Манчестер Сити и Евертон, но не ги исполни очекувањата на „Гудисон парк“ па му беше покажана излезната врата.

А Рома има потреба од играчи од средниот ред, па Родвел е еден од нив. Точно дека е принудена да повлече потег, но ангажманот на Родвел дефинитивно е ризик. Но има и уште еден фудбалер. Репрезентативецот на Лихтенштајн Марсел Бухел, кој веќе е на медицински прегледи во клубот, а претходно беше член на Емппли, Верона и Кремонезе. Нема настап за прв тим од сезоната 2017/19 во дресот на Верона.