Килијан Мбпае по добивањето на наградата за најдобар млад фудбалер во Лига 1 најави дека е време за поголема одговорност, можеби во Париз, а можеби и во друг клуб.

Овие зборови ги размрдаа челниците во ПСЖ, според многумина ова е еден вид на најава за негово заминување од таборот на „светците“. За Томас Тухел само Нејмар е главна ѕвезда на ПСЖ, додека Мбапе сака „свој“ тим, пишува АС.

ПСЖ во ЛШ гостуваше на Клуб Бриж, младиот фудбалер влезе во второто полувреме во кое постигна хет-трик, по мечот не криеше дека сака да игра многу повеќе.

Мбапе и Тухел соработуваат веќе 15 месеци, но не се во најдобри односи. Оваа ситуација најмногу му одговара на Реал Мадрид, кој веќе долго време го посакува Мбапе, особено првит човек Флорентино Перез.

Тухел тврди дека францускиот фудбалер треба цврсто да гази на земја и треба да биде заштитен бидејќи е млад, но Мбапе сака да покаже дека е најдобар во светот, сака да ја освои Златната топка.

За неговото заминување гласно зборуваат и големите легенди, сметаат дека за Мбапе најдобро е да замине од ПСЖ ако сака да ја освои Златната топка. Реал е подготвен да му ја исполни желбата да му даде поголем простор за докажување.