По големиот неуспех на денеска завршениот квалификациски турнир за светското првенство во Скопје, досегашниот селектор на нашата футсал репрезентација, Иван Божовиќ, најавил заминување од селекторското место.

Божовиќ ја предводеше репрезентацијата во два циклуси, но овие последни елитни квалификации во Скопје беа вистински дебакл. Македонија на трите средби како домаќин претрпе три порази и без бодови го заврши турнирот. Божовиќ по денешниот пораз од Украина со 5:1 најавил дека веќе не гледа начин што може да промени во репрезентацијата доколку остане.