Возачот на Ред Бул, Макс Верстапен остана без пол-позицијата за Големата награда на Мексико иако беше најбрз во квалификациите.

Холанѓанецот заработи кана од три позиции поради игнорирањето на жолтото знаме во последниот круг на патеката Еманос Родригез.

Така, на трката која се вози денеска од 20 часот, на пол-позицијата ќе биде Шарл Леклер од Ферари, додека клупскиот колега Себастијан Фетел и светскиот првак Луиз Хамилтон од Мерцедес се на втората, односно третата позиција.

Во своја самоодбрана Верстапен изјави дека видел дека Валтери Ботас доживеал судар, но не е и дека било истакнато жолто знаме.