Со по два гола на Икарди и Мбапе, ПСЖ за само 45 минути ја реши дилемата околу победникот на дербито на 11. коло во француската Лига 1.

Новото засилување на „светците“, Мауро Икарди ги постигна првите два гола за ПСЖ во 10. и 26. минута, па потоа следуваше шоу на Мбапе кој со погодоците во 32. и 44. минута само го потврди триумфот на домашните.

Во опуштена и тактички мирна игра, ПСЖ умешно го дотера мечот до крај за да ја одбележи и деветтата сезонска победа која шампионот го остава на лидерското место со 8 бода предност пред второпласираниот Нант.