Македонија заврши на последното место во квалификациската група за СП во футсал откако вечерва во Скопје подобра од нашата селекција беше Украина. По поразите од Словенија и Косово, вечерва избраниците на Божовиќ беа тотално немоќни против силните Украинци кои искусно и смирено ја решетеа нашата мрежа. По првото полувреме имаа предност од 4:0, па се чекаше само со колкав  резултат ќе заврши натпреварот. Конечниот резултат 5:1 за Украина. Македонија го заврши квалификацискиот турнир кој го играше на свој терен со нула бодови и гол-разлика 7:18.