Во Велес екипата на Академија Пандев посакува победа од два гола разлика, со што би се вратила на лидерското место на табелата, кое вчера Вардар со победата во соседското дерби им го „украде“. Се разбира дека „пандевци“ се фаворити, дека имаат одличен тим, но велешани дома не загубија од Вардар, од Шкендија, Шкупи го победија значи Борец ни од далеку не е тим кој треба да се потцени, посебно кога игра пред своите фанови.

ЌАТО ПРОТИВ „СВОЈАТА“ РЕНОВА

До мај 2017 година, на клупата на Ренова седеше Ќатип Османи, потоа направи историја со Шкендија, а денеска како стратег на Шкупи ќе гостува кај „гипсарите“. Бодовите им се потребни и на двете екипи, во секој случај ќе биде интересно и неизвесно под Шара. Жестоко ќе биде и во Кратово, каде домашниот Силекс го дочекува тимот на Струга ТЛ. И двете екипи имаат мали нерасчистени сметки од првиот меч сезонава кој се одигра во Струга. Шкендија пак гостува во Ѓорче, а вчера Работнички и Вардар го одираа 69.соседско дерби во кое “црвено – црните“ победија со 2:0.

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА – 13.30Ч

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА

БОРЕЦ – А.ПАНДЕВ

СИЛЕКС – СТРУГА ТЛ

РЕНОВА – ШКУПИ

ВЧЕРА:

РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 0:2