Марјан Илиевски имаше неуспешен обид да ја подигне кошарката на повисоко ниво во Охрид. Тамошниот тим поради финансиски проблеми за час се распадна, откако претходно Илиевски доведе бројни кошаркари со кои сакаше да атакува на двете домашни титули и секако да биде дел од БИБЛ-лигата која оваа година е на најочајно ниво.

По кратка пауза, македонскиот стратег брзо најде работа, ќе го предводи косовски Раховеци, тим кој се натпреварува во балканското друштво.

Илиевски претходно има искуство во косовскиот шампионат во сезоната 2014/2015 беше на клупата на Сигал Приштина.