Луис Хамилтон триумфираше на трката за ГН на Мексико, но се уште официјално ја нема одбрането шампионската титула. И покрај ризичната тактика на неговиот тим, која ја критикуваше за време на трката, Британецот му се спротивстави на Себастијан Фетел со само една промена на гумите и успеа да дојде до посакуваната победа, иако Ферари имаа се што можеа да посакаат пред трката за да се израдуваат на нова победа.

Валтери Ботас ја целта како третопласиран и не успеа официјално да му овозможи на Хамилтон да ја освои својата шеста титула во кариерата.

Сепак, со својата 83. победа во кариерата, Хамилтон се приближи уште еден чекор до новата круна, која најверојатно ќе ја добие веќе следниот викенд во Остин на Гран прито на САД.

Тимот на Ферари денеска загуби во тактичкото војување со Мерцедес и покрај тоа што имаше двајца возачи на пол-позициите од почетокот на трката.