Првото коло во одбојкарскиот шампионат не донесе изненадувања. Фаворитите тргнаа според планираното, со убедливи победи ја отворија сезоната.

Последниот меч се одигра вечерва, Вардар на гостувањето кај Лирија славеше со 0-3 (11-25, 17-25, 19-25). Еден од најголемите конкуренти за титулата немаше проблем, триумфот го најави со убедливата и сигурна игра во првите два сета.

Бранителот на титулата Џио Струмица тргна со убедлива победа, кај УГД Студент со 0-3.

Резултати 1. коло: УГД Студент – Џио Струмица 0:3, Весна Пробиштип – Универзитет во Тетово 0:3 Шкендија – Дибра волеј 3:1, Лирија – Вардар 0-3.