Возачот на Ферари, Шарл Леклер иако од пол-позицијата стартуваше на Големата награда на Мексико, трката ја заврши на четвртата позиција и остана без подиумот.

Ферари имаше лоша тактика, а тоа го надополни и грешката на механичарите при промена на гуми, кога Леклер се задржа четири секунди подолго во боксот, што на крајот скапо ги чинеше.

„Првото застанување во боксот беше за да се заштити позицијата во однос на Албон, иако знаевме дека повторно ќе морам да влезам во бокс. Второто влегување не беше добро и тоа смени се. Направиивме грешки при промена на гумите, останав многу долго во боксот. Се обидов да дојдам до лидерската позиција, но не успеав. Тактиката денеска не беше добра и тоа е тоа“, разочарано констатираше Леклер.