Легендарниот македонски репрезентативец и одбојкарски стратег, Жарко Ристоски водеше десетдневен семинар за тренери во Саудиска Арабија.

Поранешниот селектор на најдобрата македонска машка репрезентација, кој сега ја има таа функцијата кај машкиот национален тим на Саудиска Арабија, изминативе денови беше главен и одговорен и кога станува збор ја едукацијата на тренерските кадри во Кралството.

Ристоски веќе две години живее и работи во Саудиска Арабија, каде своето знаење и квалитет од европскиот стил на одбојка го пренесува и таму.