Заврши авантурата на Јап Стам во Феенорд. Таа кратко траеше. Дебаклот во дербито со Ајакс (0:4) беше капката која ја прели чашата. Јап Стам и покрај тоа што имаше поддршка од менаџментот оцени дека е време да го напушти клубот и поднесе оставка.

Долго размислував за ова и заклучив дека најдобро за мене, за клубот и за играчите е да си одам“, изјави Стам кој си како втор на листата на најлоши тренери на клубот од Ротердам во 21 век.

Toj издржа едвај 11 натпревари. Само Ханс Крај има помалку од него, тој издржа само седум натпревари…

Ова беше очекувано. Резултатите се лоши, играчите паднаа во летаргија, навивачите беа незадоволни… Но тоа е резултат на хаосот кој владее во клубот. Претходно си заминаа генералниот и спортскиот директор…

Ова не е проблем од вчера. Веќе со години лебди над клубот. Титулата само ја замаскира ситуацијата. После неа ништо не се работеше. Не видов ниту еден добар трансфер“, изјави екс-играчот на Феенорд Јан Еверс.

Тренерот секогаш е виновен. Да бидам искрен нема ни материјал за повеќе. Џабе се сите договори во соблекувалната кога играчите спијат на теренот. Сите се успани, неспремни. Со вакви играчи ни Гвардиола не би направил ништо. Би побегнал со плачење после две недели“, додаде Еверс.