Роџер Федерер вчера ја прослави десетата, јубилејна титула во Базел, а денеска ги разочара своите фанови откажувајќи го настапот на Мастерсот во Париз, каде беше трет носител.

Причината е што на Швајцарецот му е потребно повеќе време за одмор за да може што подолго да го гледаме на големите турнири.

„Длабоко сум разочаран што морам да го откажам настапот на мастерсот во Париз. Морам да се сочувам себе си, затоа што сакам да играм на АТП турнеите што е можно подолго. Им се извинувам на моите француски фанови кои ќе ги видам следната година на Ролан Гарос“, изјави Федерер.

“I have to spare myself because I want to play as long as possible on the ATP Tour. I am sorry for my French fans that I will see next year at Roland Garros.”@rogerfederer has withdrawn from the @RolexPMasters. pic.twitter.com/Dc1YHSZ1G6