Барселона со пет гола во мрежата на Ваљадолид, освои нови три бода во шпанската Ла Лига, и со тоа се врати на чело на табелата. Барса до 7. победа оваа сезона дојде благодарение на головите на Ленгле, Видал, два гола на Меси и Суарез. Кико во 15. минута погоди за Ваљадолид за тогаш 1:1, но до полувремето Барса имаше 3:1.

Инаку првиот гол Меси го постигна од слободен удар, што беше негов 50-ти во кариерата во сите конкуренции.

Нов „кикс“ на избраниците на Чоло Симеоне. Атлетико одигра само 1:1 со Алавес на гости, и загуби нови два бода во битката за титулата. Атлетико водеше преку Мората во 70. минута, но Перез во 83. минута израмни.

Standings provided by Sofascore LiveScore