Градскиот совет на Милано не ја прифати идејата за уривање на стадионот „Сан Сиро“, каде гигантите Интер и Милан ги играат своите домашни натпревари. Оригиналната идеја на двата клуба беше да го урнат објектот и да го заменат со нов стадион кој исто така ќе го употребуваат и двата клуба.

Пред извесно време, Интер и Милан излегоа со два проекти за нов објект од 60.000 места, кој требаше да биде лоциран на местото на еден од симболите на градот. Сепак, градските власти не ги одобрија нивните намери.

Тие дадоа дозвола да се гради нов стадион, но на некое сосема поинакво место, а стариот „Сан Сиро“ да не се чепка.