По паузата поради ЕХФ-неделата посветена на репрезентативните обврски одново на сцена се возбудливите настапи на македонските екипи во Европа.

Вардар и Еурофарм Работник се единствените наши претставници во Лигата на шампионите и СЕХА-лигата. И двете екипи во само три дена ќе ги одмерат силите со Мешков Брест, кој пак добро ќе ја запознае Македонија.

Од Скопје ќе прошета до Битола.

Македонскиот првак во недела го пречекува белорускиот состав во рамките на шестото коло во Лигата на шампионите, два дена подоцна во Битола, Еурофарм Работник е домаќин на истиот тим во меч од СЕХА-лига.