Еден од најискусните фудбалери во англиската Премиер лига, Џејмс Милнер од Ливерпул, во интервју зборуваше за своите почетоци во кариерата и тогашниот однос меѓу младите и искусните фудбалери во тимовите низ Англија.

Милнер за стартот на кариерата во Лидс Јунајтед во 2002 година вели дека воопшто не му било тешко ка,ко 16-годишник да им ги чисти копачките на само две години повозрасните од него, иако тој веќе играл во Премиер лигата.

„Имав 16 години, веќе играв во Премиер лигата, но сепак ги чистев копачките на капитенот на тимот до 18 години. Тоа беше нешто нормално и ред кој се следи во секој фудбалски тим. По натпреварите ги носев сите дресови и валкани алишта од автобусот до пералната. Во автобусот морав да направам чај за сите. По 20 натпревари во Премиер лигата и неколку голови, ми дозволија да одам во автобусот со сите други, и во тој момент се чувствував одлично. Тогаш младите играчи цело време се чувствуваа гладни и го знаеја своето место во екипата. Мојата позиција во тимот на почетокот на кариерата дефинитивно ми помогна. Овие се добри вредности, и би било супер ако сега беше исто. Сега тие се фокусирани на социјалните мрежи. Можеби, на некој начин, за нив денес е уште потешко отколку што беше за нас, кој знае“, вели Милнер.