Златан Ибрахимовиќ најверојатно ќе си замине од САД, но нема да се враќа во Европа. Според некои информации до кои дојдоа новинарите блиски до неговиот сегашен клуб ЛА Галакси, следна дестинација за шведскиот голгетер, по се изгледа, ќе биде Бразил.

Ибрахимовиќ има одлична понуда да ја продолжи кариерата во бразилски Фламенго и истата е веќе ставена на разгледување од неговиот агентски тим. Засега не се знае какви се финансиските детали од понудата, но истата е сериозна и наскоро се очекува и самиот Ибра да се произнесе по неа.

Исто така, понудата за враќање во Европа е на маса. Не е тајна дека Наполи и Болоња веќе му дадоа отворена понуда да се пресели во нивните состави оваа зима.

Сегашниот договор на Златан Ибрахимовиќ со ЛА Галакси истекува на 31 декември, по што како слободен агент може да се пресели во некој од заинтересираните тимови.