УЕФА ја казни Бугарија поради расизмот на дуелот со Англија, и така следниот натпревар на домашен терен против Чешка, Бугарите ќе го играат пред празни трибини. Исто така европската куќа на фудбалот изрече и условна казна, според која ако се случи ист инцидент во следните две години, исто така ќе биде казнета селекцијата.

Згора на тоа Бугарите треба да платат и 85 илјади евра. И Англија е казнета со 5.000 евра поради несоодветно однесување за време на интонирањето на бугарската химна.