Роберто Фирмињо, фудбалерот на Ливерпул, член на селекцијата на Бразил и еден од најдобрите офанзивци во светот, немал баш најсреќно детство. Имено за „Гардијан“ таа приказна ја кажува неговата наставничка Адриана Леите. А еден дел од нејзиното кажување беше највпечатливо.

„Тоа беше во 2001 година, ни на крај памет не ми беше дека по 20 години ќе ја кажувам приканата за едно мирно, тивко повлечено момче. Го прашав како го мина викендот, а тој срамежливо кажа дека електричната енергија во неговиот дом била исклучена неколку денови. Секако дека прво го запрашав па добро што се случи со храната во фрижидерот, а Роберто само се насмеа онака детски и срамежливо спомена дека нивниот фрижидер обично бил празен, па затоа немало што да се расипува. Тоа ме направи многу тажна“ истакнала Адриана за “Гардијан“.