Македонскиот интернационалец во Франција Влатко Стојановски го постигна првиот гол во дресот на Ним. Вечерва во дуелот со Ленс во рамките на 1/16 финалето на францускиот Лига куп некогашниот напаѓач на Ренова ги одигра сите 90 минути и го постигна првиот гол за овој клуб.

Ним победи со 3:0, а Стојановски го реализира третиот гол на мечот и тоа од пенал, a неговиот клуб се пласира во осминафиналето. Интересно истиот го избори Бен Амар и тој се спремаше да го изведе ударот од 11 метри, но доби иструкции да му го препушти на нашиот интернационалец кој ја прифати одговорноста и смирено го совлада противничкиот голман.

Инаку ова е првпат нашиот фудбалер да одигра цел меч за Ним, а претходно запиша вкупно 30 минути (влезе во игра против Ница и Ст.Етјен) во првенството.