Ракометната федерација на Македонија денеска со соопштение информираше дека во координација со директорот на машките репрезентации, Милчо Чакарески, заеднички е донесена одлука за прекин на досегашниот ангажман.

Чакарески ја извршуваше функцијата спортски директор во период од март 2016 до септември 2019, а поради персонални професионални ангажмани, тој се повлекува од функцијата во стручниот штаб на машките ракометни репрезентации.

Во периодот кој следува УО на РФМ ќе постави нов вршител на функцијата.