Играчот од средниот ред на ПСЖ, Марко Верати, го продолжи договорот со францускиот шампион до летото 2024 година, објавија од клубот.

Италијанскиот репрезентативец дојде во ПСЖ во 2012 година од Пескара во трансфер вреден 12 милиони евра. 23-годишниот играч од средниот ред одигра 290 натпревари во дресот на „светците“ и постигна девет гола, со 48 асистенции.

Верати шестпати беше шампион на Франција, а освои и четири купа.