Поранешниот ракометар на македонскиот првак Вардар, Алем Тоскиќ стана тренер.

Искусниот кружен напаѓач по неколкуте години минати во „црвено-црниот“ дрес кариерата ја продолжи во Горење Велење, а потоа во унгарски Чурго, клуб во кој од пред месец дена и го превзема кормилото.

Унгарскиот тим имаше лош старт на сезоната, па раководството на клубот одлучи да го отпушти тренерот и шанса да му даде на Србинот.

Тоскиќ откако го превзема тимот има серија од три победи над Ваци, Дабас и Татабања, а неговиот тим стигна и до пласман во 3. коло од ЕХФ купот, елиминирајќи ја Констанца.