Во оваа 2019/2020 сезона само едно се знае, а тоа е дека Вардар нема да го освои пехарот во Купот на Македонија. Уште долго, можеби до мај 2021 година ќе сонува како го подига пехарот во Купот на Македонија. Последен пат се радуваше во мај 2006 година кога славеше над Победа со 2:1. Попладнево во Тетово, нашиот најтрофеен клуб уште еднаш не успеа да ја победи Шкендија. И тоа му се случува дури на 11 меча по ред, навистина фрапантно. Последен пат успеа да се радува на триумф над Шкендија, во еден официјален натпревар во октомври 2017 година. Од тогаш па наваму вардарци никако да се израдуваат кога играат против актуелниот шампион.