Вардар го доживеа првиот пораз во Тетово после серијата од 13 меча без загубен натпревар. Избраниците на Александар Васоски не издржаа, и во 74. минута примија гол кој значеше пораз. Ова е втор, после оној од Македонија ЃП во првото коло во шампионатот.

Вардарци покрај 11-те натпревари без пораз во првенството, имаа и два во Купот. Но, денеска, ете, дојде крај на таа серија. Но, низата ќе продолжи во првенствените натпревари каде што лидерот 11 кола не знае што е тоа пораз.