Брегалница успеа, иако е второлигаш да ја елиминира Македонија ЃП и да се пласира во 1/4 финалето во Купот. За некои тоа е сензација, но не и за Кире Гогов, првиот човек на штипските „сини“.

„Како прво браво за момците, одиграа со срце, токму онака како што ги личи играчи на Брегалница. Докажавме дека можеме да се носиме и со прволигашки екипи, како што е Македонија ЃП. И кога се паднавме со Македонија ЃП јас верував дека ќе одиме натаму, ете таа прогноза се оствари. Сега одиме со мислите кон идните цели во Купот. На крај честитки за сите во ФК Брегалница, само така да продолжат“, изјави за СПОРТМЕДИА Ките Гогов.