Европскиот шампион ЦСКА (М) го претрпе првиот сезонски пораз во Евролигата. На денешниот прв меч од 5. коло, московјани не успеаја да ја продолжат низата од четири стартни победи и на средбата со грчки Олимпијакос, кој умешно ги искористи сите шанси и успеа да слави на ова гостување со 84:79.

Забележливо беше отсуството на Вил Клајбурн кај ЦСКА, нешто што Грците знаеја да го надополнат со одлична партија на Брендон Пол кој со 20 поени беше најдобар реализатор кај гостите. Одличен меч одиграа и Пунтер со 16 и Принтезис со 11 поени. Кај домашните Мајк Џејмс реализираше 22 поени, но залудно кога имаше лоша реализација од поле 3/8 за два поени и 2/6 за тројка.

За Олимпијакос ова е само втора сезонска победа што сигурно ќе делува на самодовербата.