Изминатото лето Барселона доживеа неочекувано заминување на најголемиот талент на познатата школа „Ла Масија“ откако Чави Симонс се реши да го напушти тимот на Барса и да се пресели во ПСЖ. 16-годишниот талент потпишал договор со Парижаните до 2024 година, според кој треба да заработува по милион евра годишно.

Симонс кога потпиша за ПСЖ беше среќен, но сега, според информациите, веќе жали што ја напуштил Барселона, и тргнува по стапките на Нејмар. Наводно Симонс не бил несреќен во Париз, но бил многу посреќен додека бил дел од Барселона.