Куп дербито не ги оправда очекувањата. Се очекуваше отворена игра, барем поотворена од Вардар со оглед дека му требаше гол, но од тоа не се виде ништо. Шкендија чекаше цело време Вардар да нападне, а во вториот дел тетовскиот тим беше подобар. Еден гол го реши мечот. Оној на Агим Ибраими во 74. минута.

И како да не може едно дерби без инциденти, без спорни моменти, без скандалозни однесувања. Така беше и денеска. Детето кое собира топки позади голот не сакаше да му ја даде топката на Гачевски. Затоа сега Шкендија ќе биде казнета. Гачевски збесна.

На крајот радост на Шкендија, а Вардар како да има некое Куп проклество.