Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ со 2: 0 го совлада Корентин Муте во второто коло на АТП турнирот во Париз и со тоа го најави походот на нов трофеј.

Без поголеми проблеми, Новак го доби првиот натпревар на силниот Мастерс турнир. Мечот отиде во тај-брејк во првиот сет, но таму Србинот беше доминантен и со 7:2 дојде до предност што му донесе многу самодоверба.

Во вториот сет Муте се бореше колку што имаше сили, но првиот рекет со 6:4 го обезбеди пласманот во 3. Коло.