Енис Барди синоќа на гостувањето кај Реал Сосиедад, во 24. минута постигна прекрасен гол за водство на Леванте од 1:0. Со тоа ја отвори вратата кон триумфот на својот тим. 

„Среќен сум за голот, само вака да продолжиме. Добро е секогаш кога и се помага на твојата екипа да дојде до победата. На овој меч дојдовме од една лоша ситуација зошто загубивме дома во претходното коло. Сепак од Сан Себастијан успеавме да се вратиме со три големи бода. Долга е сезоната, треба да продолжиме со добри настапи, Леванте го очекуваат уште многу тешки натпревари“, изјави за СПОРТМЕДИА Барди.

Македонскиот репрезентативец е избран и за играч на натпреварот Реал Сосиедад – Леванте, и не само поради прекрасниот гол туку и поради се она што тој го прикажа во текот на сите 85 минути колку што беше на теренот.