Веспрем лошо го почна октомври, но го заврши сосема неочекувано. Унгарскиот првак на својата официјална страница ги сподели сите резултати од овој месец, а тие велат дека само Еурофарм Работник ги совладал.

Македонскиот тим во рамките на СЕХА-лига приреди сензација на домашен терен славеше со 26-24. Иако Давид Дејвис во Битола не дојде во најсилен состав, сепак на теренот имаше доволно посилно оружје, но се чини ги потценија ракометарите на Еурофарм Работник, кои пак не пропуштија шанса да ги казнат.

По овој дуел, Веспрем бележеше само победи, последната ја запиша во Скопје кога убедливо го совлада Вардар со 39-32 во меч од Лигата на шампионите.