Денеска на Градскиот стадион во Тетово, со почеток од 13:30 часот, ќе се одигра последниот реванш меч од 1/8 финалето во Купот на Македонија. Се среќаваат Ренова и Тиквеш, да потсетиме резултатот на првиот меч во Кавадарци беше 2:0 за „гипсарите“. Секако дека прволигашот е голем фаворит, но Тиквеш има сила и квалитет да изненади, па така Ренова не смее, ако сака секак да оди натаму, со потценување да влезе во овој натпревар и тоа без разлика што Тиквеш во моментов е во резултатска и играчка криза. Кавадарчани можат да им ги замрсат сметките на момците на стратегот Бујар Османи.

Значи денеска до 15:30 часот ќе знаеме дали Ренова или Тиквеш ќе им се придружат на екипите кои вчера обезбедија „виза“ за 1/4 финалето. А тоа се прволигашите Шкендија, Работнички, А. Пандев, Шкупи, Струга ТЛ, како и второлигашите Брегалница и Лабуништа.