Црвена Звезда на домашен терен го совлада Химки со 90-78 во рамките на 6. коло во Евролига. Мечот почна доста нервозно, во третата минута имаше размена на удари, па Тима и Лазиќ добија неспортски, а додека Лазиќ и дополнително беше исклучен.

Оваа ситуација и даде крила на Звезда, па за едно полувреме постигна 50 поени, додека прими 41. Не застана српскиот тим, напротив по одморот продолжи во исто темпо, го доби третиот период со 30-15 и во последните десет минути влезе со предност од 24 поени.

Шиманиќ со 18 поени беше прв стрелец, еден поен помалку постигна Берон. За Звезда ова беше втора победа сезонава, по 6. коло е на 15. место.
Вечерва се одигра уште една средба. Анадолу Ефес го запиша вториот пораз, на гостувањето кај Панатинаикос беше совладан со 86-70.