Американскиот тенисер Џон Изнер постави нов АТП-рекорд, откако и четврта година по ред е на првото место на листата според бројот на реализирани асови во тековната сезона. Според официјалната веб-страница на АТП, Изнер со ова успеа да го помине на врвот досегашниот рекордер Горан Иванишевиќ, кој три сезони едноподруго додека беше активен беше најдобар сервер.

На 48 одиграни натпревари оваа сезона, Американецот реализираше 1032 аса. Тој исто така веќе седмипат во својата кариера е прогласуван за најдобар сервер. Ова признание го освои во 2010, 2012 и 2013 и од 2016  до 2019 година. Негов најдобар резултат за една сезона е 1048 аса реализирани на 62 средби во 2010 година.