МЗТ Скопје својата доминација во АБА 2- лигата ја заврши на гостувањето кај Сутјеска. Избраниците на Ѓорѓи Кочов мечот го завршија со 17 загубени топки, па оние крајни 85-70 не се ни малку чудни.

„Заслужена победа на Сутјеска. Во првото полувреме имавме повеќе офанзивни скокови, но затоа на крајот имавме 17 загубени топки, нешто што не смее да се дозволи на еден ваков натпревар“, кратко изјави по мечот Кочов.

По овој пораз МЗТ Скопје е на второто место на табелата со девет бода исто колку и Борац, како и Сутјеска и Широки, кои имаат ист скор од четири победи и еден пораз.